(Видео) Акуња: Тешко се игра против 12! Себалјос: Ти го остави својот клуб со 10!

(Видео) Акуња: Тешко се игра против 12! Себалјос: Ти го остави својот клуб со 10!

пред 11 месеци

По жестокиот дуел помеѓу Севилја и Реал Мадрид на „Рамон Санчез-Писхуан“ во саботата и 2:1 камбек победата на тимот на Карло Анчелоти, вербалната пресметка продолжи и преку социјалните мрежи.

Маркос Акуња доби црвен картон за брутален старт нд Дани Себајлос по што ќе го пропушти мечот од последното коло во Ла лига против Реал Сосиедад. По мечот, Акуа преку социјалните мрежи се пожали на судиските одлуки.

„Тешко е да се игра против 12“, напиша Акуња на Инстаграм.

Како одговор, Себалјос ја покажа раната на неговата лева нога.

„Да го оставиш својот клуб со 10 играчи и да осигураш камбек. Тоа е навистина тешко“, одговори Себалјос.

Share
Scroll to Top