Xiaomi во претходните недели го најавуваше Redmi K30S, а телефонот сега е официјализиран. Пристигнува со 64MP главна камера, Snapdragon 865 чипсет и 144Hz освежување за 6.57-инчниот екран.
Redmi K30S е всушност ребрендиран Mi 10T, наменет за пазарите каде што Redmi брендот е попрепознатлив и пораспространет.
Главната разлика помеѓу Redmi K30S и Mi 10T моделите е во комбинациите на меморија. Redmi K30S пристигнува со 8GB RAM и 128GB и 256GB простор за складирање. Телефонот нема слот за проширување на складирањето.
Предниот панел би можел да биде LCD тип, со оглед на тоа дека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката. Тука се и 20MP селфи камера, 20:9 однос на страници и Full HD+ резолуција. Gorilla Glass 5 заштитата е присутне и од предната страна и на задната страна.
Останатите спецификациите вклучуваат три камери со 64MP главен, 13MP ултраширок и 5MP макро сензори. Тука е и 5000mAh батерија со 33W брзо полнење. Опциите на конекцијата вклучуваат Wi-Fi 6, Bluetooth 5, 5G (SA и NSA), како и USB-C порт.
Xiaomi Redmi K30S пристигнува во црна и сребрена варијанта, по цена од околу 390 долари за 128GB модел, односно околу 415 долари за 256GB верзијата.