Најголемиот нацистички лидер Адолф Хитлер можел да се реши од неговите најголеми непријатели Франклин Делано Рузвелт, Винстон Черчил и Јозеф Сталин и да ги убие сите во една иста ноќ, пишува американскиот новинар и писател Хауард Блум.
Тој во неговата книга „Ноќ на атентаторите“, објаснува дека убивањето на големата тројка би предизвикало катастрофален удар на сојузниците и ќе направел целосен пресврт на Втората светска војна.
Сојузничките лидери на големата тројка, за првпат се состанале за да ги разгледаат деталите за отворањето на вториот фронт во Западна Европа.
Средбата се случила во Техеран на 1. декември во 1943 година. Историската Техеранска конференција, многу лесно можела да им биде последна, ако се суди според новата книга за операцијата на Хитлер „Скок во далечина“.
Во книгата се открива арогантниот и смел обид на нацистичките атентатори, да се инфилтрираат на важниот самит на сојузниците и да ги убијат пртвите тројца светски државници.
Веќе во средината на 1943 година, јасно било дека нацистичка Германија ќе биде губитник во Втората светска војна. Глобалниот конфликт траел уште две години, но сојузничките сили во 1943 година јасно ставиле до знаење дека тие ќе прифатат само безусловно предавање на Германците.
Американскиот новинар и писател на романи и не-фантастични книги со воена тематика Хауард , го довел овој настан во центарот на внимание во неговата книга „Најопасниот човек Ото Скорцени во Европа“, човек со најсложените задачи и лузна на лицето.
„Хитлер побарал од Ото да го води нападот. Со овој напад, не им биле загрозени само животите, туку и целата иднина на војната“, изјавил Блум
Последната приказна за операцијата во Техеран, со до тогаш непознати детали, авторот ја донел од неодамна неиспечатените архиви, руски, американски и британски досиеја, кој вклучуваат и сведоштва на директно вмешани лица, како што се телохранителите на Рузвелт и Черчил.
Во „Ноќта на убијците“, Блум детално, во манир на воени шпионски мега спектакл, опишува како Ото собрал елитен тим на обучени командоси, околу педесетите луѓе, кои требало со падобран да скокнат во Иран и со помош на локалните сили, да влезат на состанокот на сојузничките лидери и да ги убијат.
Кога е откриено дека тројцата сојузнички лидер, Рузвелт, Черчил и Сталин ќе се состанат и ќе разговараат за судбината на Гермаија и светот, нацистичкиот известувач Валтер Шеленберг, предложил создавање на група атентатори на Големата тројка.
Тој предложил обезглавување на тројцата сојузници и обезбедување на преговори за Германците. Самитот требало да биде строго доверлив, но Черчил случано ги пропуштил информациите за состанокот со Рузвел и Сталин за време на радио комуникацијата.
Кога било откриено дека состанокот ќе се одржи во Техеран, Германците биле воодушевени. Во тоа време, во Иран, иако градот бил под британска и руска контрола, вриело од германски тајни агенти со силни врски и ресурси за изведување на најсложени акции.
Шеленберг месеци претходно воспоставил шпионски прстен во Техеран. Нацистичкиот план бил спроведен прилично глатко. Прво, германски шпион открил таен влез во комплексот на британската амбасада низ подземните воени тунели.
Нацистичките атентатори планирале со падобран да скокнат во Техеран во руски униформи за да се спојат со советските сили. Она што им ги замаглило плановите на Германците, бил фактот што двајца од нивните оперативци биле двојни агенти и плановите им ги откриле на Русите.
Акцијата била изведена во три групи. Руските војници упаднале во заседа на првиот тим, кој со падобрани скокнал во пустина надвор од Техеран. Вториот тим пак бил уапсен во техеранската безбедносна куќа.
„Нивните тела никогаш не биле пронајдени“, открива Блум.
Шест германски командоси, кои паднале 30 километри надвор од местото на кое требало да слетаат, избегнале да бидат заробени и напредувале во нападот. Тие се сокриле во едно средно школо во Техеран, но брзо потоа и тие наишле на проблеми.
Тие биле издадени од група на ирански борачи, мотивирани од наградата за нивно предавање од 20.000 долари, нешто што денес би изнесувало околу 300.000 долари.
И покрај тоа, командосите успеале да побегнат и ја продолжија својата мисија. Брзо се дознало дека еден германски шпион го открил заговорот за напад низ водените тунели, кои биле под силна воена стража.
Присилени да ги прилагодат своите планови, тие се одлучиле за самоубивачки напад и бомбардирање на големата тројка додека си заминувала од аеродромот во Техеран. Командосите повторно биле предадени и кога биле опкружени од руски трупи решиле да се саморазнесат.
Во целата иранска престолнина се слушала страшна експлозија која го осветлила ноќното небо над Техеран во раните утрински часови на 1. декември 1943 година. Тоа сигурно го забележил и Винстон Черчил кој во тоа време бил во седиштето на британската амбасада.
Тој бил буден во доцните часови и организирал спектакуларна пијана забава за прославата на неговиот 69. роденден. Еден од сведоците вели дека тој бил прилично расположен, танцувал ирски танц, ги прегрнувал и бакнувал војниците, по малку и на непримерен начин.
Тоа го правел пред угледните гости Френклин Д. Рузвел и Јозеф Сталин. Сложениот план, кој опфатил речиси сè што можело да се очекува во еден високобуџетен филм, со двојни агенти, менување на униформи, врвен експлозив во таа доба, предавства и лукавост, локални племенски лидери, па дури и златните пушки Валтер, се разбира не успеал. За влакно, но не успеа, вели Блум. Рузвелт, Черчил и Сталин се договориле за понатамошните воени планови, а Ото успеал да се врати во Германија.