Сопругата на Тони Михајловски за борбата со ракот: Душата боли, ама ќе живеам уште 30 години

Сопругата на Тони Михајловски за борбата со ракот: Душата боли, ама ќе живеам уште 30 години

пред 4 години

Сопругата на актерот и водител Тони Михајловски, Александра Јорева Михајловски (41) сподели и раскажа за свјата борба со ракот. Таа лани била примена во болницата „Аџибадем Систина“ на гинеколошко акушерскиот оддел каде и била утврдена дијагноза рак на матката.

„Бев оперирана од врвниот тим на чело со мојот гинеколог Митко Ивановски. Едно големо благодарам за брзата реакција и организација, а операцијата траеше околу 4 и пол часа. Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на сите , целиот тим, кој беш со мене. Најголемо фала на Тони Михајловски за тоа што постоиш“, вели Јорева Михајловски а ние пренесуваме дел од нејзината објава на социјалните мрежи.

И додава: Борбата е голема, а советите се секогаш добредојдени од сите. До сега во оваа година се направени повеќе контроли, Последната контрола ја направила пред нецел месец. Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцер! Благодарна сум на Бога и на Мајкичка Богородица. Ви благодарам што постоите луѓе. Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме. Затоа што борбата е тешка, душата боли, а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста и никогаш нема да бидам иста. Ваква се сакам повеќе. Да бидеме живи и здрави уште бар 100 години. Доктор Ивановски рече дека ќе живеам уште 30 години и да не му ја мислам. Јас се држам до тој муабет“, вели сопругата на актерот Тони Михајловски.

 

Share
Scroll to Top