Бугарија сè уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната

пред 2 години

Европската комисија извести дека Бугарија сè уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната. Земјата не ги исполнува индикаторите за стабилност на цените и законодавството целосно усогласено со правилата на ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од Комисијата појаснуваат дека во Бугарија инфлацијата на потрошувачките цени е нерамномерна. Се додава дека последните податоци за Бугарија покажуваат висока инфлација предизвикана од растот на цените на енергенсите. Следниот извештај се очекува да покаже позитивна промена следната година, бидејќи инфлациските притисоци се сметаат за привремени и се очекува значително да паднат. Поради оваа причина, нема очекувања за дополнително одложување на Бугарија на патот кон воведувањето на еврото, пишува „Труд.бг“.

ЕК забележува дека пристапувањето во еврозоната е дел од обврските преземени од земјите на ЕУ за приклучување кон Заедницата (со исклучок на Данска).

Комисијата проценува дека Хрватска е подготвена да го усвои еврото од 1 јануари следната година. Пред тоа се очекува потребното одобрение од Европскиот совет и од Европскиот парламент кон крајот на јуни и почетокот на јули.

Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година и заедно со Бугарија се приклучија на т.н чекалница во еврозоната во јули 2020 година. Се наведува дека хрватската економија е мала и добро етаблирана во европската економија, а банките се во сопственост главно на компании од големите земји од еврозоната.

Во извештајот се наведува дека Шведска, Романија, Полска, Унгарија и Чешка, исто така, сè уште не ги исполнуваат условите за прием во еврозоната.

Share
Scroll to Top