„Рајанер“ во загуба од 96 милиони евра во последниот квартал од 2021

пред 2 години

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска извести за загуба од 96 милиони евра за последните три месеци од 2021 година.

Во истиот квартал од 2020 година оваа компанија имала загуба од 306 милиони евра, а во последните три месеци од предпандемиската 2019 година забележала добивка од 88 милиони евра.

Во соопштение „Рајанер“ повтори дека предвидува загуба меѓу 250 милиони до 450 милиони евра за целата финансиска година, која завршува на 31 март.

Извршниот директор на компанијата Мајкл О’Лири рече дека деловните изгледи се сè уште крајно неизвесни, иако има многу силно закрепнување на резервациите во последните недели, бидејќи загриженоста за омикрон сојот почна да исчезнува.

Финансискиот директор на „Рајанер“, Нил Сорахан, во интервју за „Ројтерс“ изјави дека фактот што толку многу конкурентски компании го намалуваат својот капацитет во однос на нивото пред ковид, значи дека постои апсолутно можен притисок за зголемување на цените на билетите во летната сезона.

Тој додаде дека доколку „Рајанер“ биде принуден да ги намали цените на билетите за да привлече клиенти, компанијата би можела да го стори тоа бидејќи е во многу подобра позиција од ривалите.

Share
Scroll to Top