Од полноќ намалување на цените на горивата

Зголемување на цените на бензинот и на дизелот од полноќ

пред 11 месеци

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 % во однос на одлуката од 22.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,950 %, кај дизелот 6,048 %, кај екстра-лесното масло 6,037 % и кај мазутот зголемувањето е 0,567 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,119 %.

Малопродажната цена бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,138 денари/кг и сега ќе изнесува 42,075 денара/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 26.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопшти РКЕ.

Текстот Зголемување на цените на бензинот и на дизелот од полноќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top