Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснаа за 87,5 %, достигнаа 1,5 милиони евра

пред 4 месеци

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година

Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци порасна за 87,5 отсто и достигна 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра). Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени за 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиони денари (3,8 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

„Податоците за исплатени штети и продадени полиси потврдуваат дека приватното здравствено осигурување, во контекст на актуелната здравствена пандемија, станува многу популарно и се пошироко прифатено кај осигурениците. Истовремено се зголемуваат износите кои осигуреници ги вложуваат во приватно здравствено осигурување со цел да обезбедат поквалитетна здравствена заштита од јавното здравство, која не е на товар на државниот буџет и на државниот Фонд за здравствено осигурување“, велат од АСО.

Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Тоа е за 68 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година кога друштвата за осигурување ликвидирале 5.432 штети. Во првото полугодие се продадени 9.870 полиси за приватно здравствено осигурување што е за 46 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. За првите шест месеци годинава до АСО се доставени само две претставки од незадоволни осигуреници за покритие на штета по полиса за приватно здравствено осигурување.

Вредноста на штети исплатени за приватно здравствено осигурување достигна 5 отсто во вкупниот износ на бруто исплатени штети (БИШ) за првото полугодие оваа година. За овој период учеството на исплатени штети за приватно здравствено осигурување порасна за 67 отсто во споредба со истиот период лани кога оваа класа осигурување во БИШ учествуваше со 3 отсто.

Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари (10.000 евра).

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Share

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

How NOT to Summon a Demon Lord Ω Episode 9

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

AniWatch My Hero Academia Season 5 Episode 16

watch anime dub AniWatch Fairy Tail (Dub)

Fairy Tail (Dub) Episode 172

Scroll to Top