Французите сè уште се закоравени штедачи и покрај различните геополитички, социјални и здравствени кризи, според истражувањето на агенцијата Ifop.
Во извештајот се наведува дека во Франција моментално штедат 85 отсто од граѓаните кои генерално избегнуваат ризик и претпочитаат сигурни инвестиции, пренесува Фигаро.
Француските штедачи се придржуваат до логиката на минимален ризик, бидејќи 69 отсто од испитаниците изјавиле дека претпочитаат низок ризик и принос, додека само 17 отсто изјавиле дека се подготвени за поризични инвестиции кои потенцијално носат високи приноси.
Најпопуларни меѓу Французите се регулираните штедни сметки, штедните влогови и животното осигурување, како и пензиските заштеди.
Во истражувањето, 75 отсто од Французите рекле дека вложуваат пари на заштеда барем еднаш на секои шест месеци, додека дури 42 отсто рекле дека барем еднаш месечно ставаат пари на страна за заштеда.
Постои и очекувана разлика меѓу генерациите, бидејќи 45 отсто од младите луѓе во Франција на возраст меѓу 18 и 24 години изјавиле дека имаат неколку штедни производи во споредба со 64 отсто од оние над 65 години.
Текстот Истражување: 85% од Французите штедат е превземен од МАКФАКС.