МЗШВ: До 16 ноември 2023 е отворен јавниот повик за набавка на педигриран добиток

МЗШВ: До 16 ноември 2023 е отворен јавниот повик за набавка на педигриран добиток

пред 11 месеци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сточарите дека во тек е јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток. Крајниот рок за поднесување апликации на овој јавен повик за оваа мекра е до 16 ноември 2023 година.

Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%.

Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk

Напоменуваме дека барателите кои имаат важечки договор од претходните години за набавка на добиток, однсно истите не ја реализирале планираната инвестиција, немаат право да аплицираат на овој јавен повик.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за повикот можат да најдат на веб страната на АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/RuralenPovici/8/54

Текстот МЗШВ: До 16 ноември 2023 е отворен јавниот повик за набавка на педигриран добиток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top