ОКТА АД – Скопје ги заврши сите потребни процедури за добивање највисоко ниво CoVid-Shield сертификат за работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Со тоа стана прва компанија во државата која е акредитирана со овој иновативен сертификат. Од почетокот на пандемијата, приоритет на OKTA беа безбедноста на нејзините вработени, соработници и потрошувачи, поради што беа преземени сите неопходни мерки и имплементирани сите препорачани здравствени протоколи.
CoVid-Shield е независна постапка за сертифицирање, развиена од TÜV AUSTRIA Hellas и претставува интегрирана шема за сертифицирање чија цел е да ја зголеми довербата на граѓаните и потрошувачите во компаниите кои ја примениле и добиле сертификат согласно оваа шема. Во оваа смисла и со силно чувство на одговорност, општествена свесност и бизнис етика, ОКТА презеде итни активности од првиот ден на здравствената криза, со цел да создаде безбедна работна средина.
„Ние во ОКТА презедовме итни активности, применувајќи ги сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите вработени и клиенти. Ова е директно потврдено со добивањето на CoVid-Shield сертификатот. ОКТА останува на страна на своите вработени и потрошувачи, ставајќи ги на прво место безбедноста и одговорноста, при тоа гледајќи на иднината со внимателност и оптимизам“, изјави Вук Радовиќ, Главен извршен директор на ОКТА.
Сертифицирањето со CoVid-Shield се спроведе на групациско ниво при што во процесот на контрола беа опфатени сите подружници во петте земји во кои работи групацијата Хеленик Петролеум.
(ПР текст)