(Видео) Милевски: РЕК Битола го води принуден управник и произведува „политичка“ струја

пред 3 години

„РЕК Битола работи со минимален капацитет со тоа се доведува снабдувањето на струја среде грејна сезона т.ес среде зима.РЕК Битола, има принуден управник, в.д. управник, тутор на генералниот директор на РЕК Битола или што има ? Ова прашање се слуша последните неколку месеци низ Битола, откако во РЕК Битола производството на електрична енергија од ден на ден е со помало и понеизвесно дали ќе работи РЕК Битола, или поради немање на јаглен ќе се исклучат сите три блока“, изјави Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Според него, човекот за кој се зборува дека е принуден управник, е Љубчо Кижевски, помошник директор за производство на АД ЕЛЕМ Скопје, кој сега е во функција на генерален директор на РЕК Битола.

„Кижевски често шета во РЕК Битола со придружба на физичко обезбедување, за на висок тон да сее страв меѓу вработените со закани за казнувања или бркања.Вработените се сомневаат дека тој однос е последица на неговата нестручност зошто моменталниот проблем е немањето на јаглен, а принудниот е електро инжинер. Но, сега за битолчани остануваат неразјаснети многу прашања : зошто на генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, кој има над дваесет годишно работно искуство во комбинатот него му е испратен „принуден стручњак” кој никогаш нема работено во РЕК Битола и е кадар на РЕК Осломеј кој не работи повеќе години и секогаш работел полошо од РЕК Битола и е пред затворање? Дали Кижевски е испратен од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски да го контролира Ќурчиевски како директор на РЕК Битола, како претседател на Општинската Oрганизација на СДСM во Битола? Дали со присуството на Љубчо Кижевски во РЕК Битола се подобри состојбата за производството или резултатот од неговата работа е повторно поплавен рудник, празна депонија и минимално производство на електрична енергија?

ВМРО-ДПМНЕ- Битола како конструктивна опозиција му предлага на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, поранешен пратеник на СДСM и поранешен претседател на Општинската организација на СДСM во Битола внатре партиските борби да ги решава во рамките на партијата, а не преку работењето на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола каде жртви се стабилноста на енергетскиот систем на државата, вработените и сите граѓани на Република Македонија. Ова ќе го постигни само ако си поднеси оставка на сегашната функција од причина неспособност и комплетно да си се посвети на својата политичка кариера која изгледа дека е на залезот, а со тоа и на РЕК Битола ќе му обезбеди барем посветла и подобра иднина“, изјави тој.

Share
Scroll to Top