Пратениците на Левица поднесоа барање до претседателот да го суспендира Законот за ГА-МА

пред 1 година

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето, гарантирано во чл. 75, ст. 3 од Уставот (1991) и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на ден 28.12.2020 година – по скратена постапка.
 
„Причините поради кои го бараме ова од Вас се следниве: Законот е спротивен на Амандманот XXV од Уставот, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што, во случајов, парламентот е ставен во позиција на „преки суд“ кој, по брза постапка, решава судски спор кој трае над 15 години – со закон, надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историна на Македонија, од АСНОМ до денес. Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот, бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната „еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот“. Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес, бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кон има номинална вредност од околу 18 милиони ЕУР, државата ќе треба да исплати скоро 33 милиони ЕУР – и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери“, се наведува во барањето на пратениците.
 
Тие се надеваат дека претседателот Пендаровски, ќе ги искористи уставните ингеренции и нема да го потпише овој контроверзен Закон, за коj пратениците дебатираа цели 22 часа без прекин, на една од најдолгите маратонски пленарни седници во поновата парламентарна историја на земјата.
 
 

Share

anime website. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch animes Attack on Titan Season 3 Part 2

gogoanime pro GoGoAnime JUJUTSU KAISEN (Dub)

watch anime Tokyo Revengers (Dub)

anime websites Naruto (Dub)

GoGoAnime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 15

tải go88
Scroll to Top