Трипуновски: Заради неспособноста на власта нашите сограѓани купуваат 100% поскап леб,брашно и зејтин

пред 2 години

По прес-конференцијата на Гоце Георгиевски, со реакција излезе Цветан Трипуновски.

Тој се обрати на јавноста преку порака на својот фејсбук профил.

“Почитувани, најнапред да ви се извинам што на овој голем Христијански празник зборуваме за политика наместо за љубов, разбирање и соживот, но не можам да не ја искоментирам на денешната парада од прес конференција на СДСМ.

Очекував дека денешната прес конференција ќе биде со сет на мерки за ублажување на ценовниот шок на основните прехрамбени производи наместо повици кои реализацијата ќе биде крајот на 2023 год. и нема да допринесат за подобрување на катастрофалната ситуација во земјоделството.

Почитувани елитисти од СДСМзаради вашата неспособност, некадарност и бркање проценти од тендери денес нашите сограѓани јадат леб, масло, брашно поскапи за над 100%.Наместо да работите на стопирање на инфлацијата која од ден на ден вртоглаво расте, Вие си терате чист популизам и лична промоција!”

Share
Scroll to Top