Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

пред 4 часа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне.

На средбата, како што велат од СДСМ, земјоделците изразиле револт од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.

Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.

„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.

„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките, додаде СДСМ.

Текстот Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top