ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски пред два месеци тврдеше дека струјата нема да поскапи

пред 2 години

Бислимовски пред два месеци тврдеше дека струјата нема да поскапи, а сега носи одлука за покачување од 1 јануари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на октомври, објаснуваат тие, Бислимовски тврдеше дека нема причини за поскапување на струјата и дека таа нема да поскапи.

„Сега два месеци откако тврдеше дека нема да ја покачи цената на струјата, носи одлука за покачување. Бислимовски само ги лажеше граѓаните пред изборите дека струјата нема да ја покачи, за веднаш потоа да одобри покачување. Бислимовски се стави во улога на партиски послушник на Заеви. Бислимовски тврдеше и дека нема да се укине ефтината тарифа“, е наведено во писменото соопштение од оваа партија.

„Се што кажа Бислимовски излажа. Граѓаните од утре ќе ја плаќаат неспособноста на Бислимовски и власта“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top