Лавров во историска посета на Скопје, првпат доаѓа во европска земја откако почна војната меѓу Русија и Украина

Лавров во историска посета на Скопје, првпат доаѓа во европска земја откако почна војната меѓу Русија и Украина

пред 5 месеци

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе допатува во Скопје за да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Тој би дошол со лет преку Бугарија или Грција, откако Владата дозволи руски авион да влезе во воздушниот простор и да слета во Скопје.

Македонскиот министер за надворешни Османи, не гледа причина зошто Грција и Бугарија да не го дозволат летот.

„Се преговара со Бугарија и Грција. Ако ние донесеме одлука, не гледам зошто да не прифатат, зошто одлуката на ЕУ е јасна, вели со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, други меѓународни организации, бидејќи Лавров беше во Њујорк, но во Обединетите нации, а не во САД. И тука не доаѓа во Скопје ако дојде, доаѓа во ОБСЕ“, кажа министерот.

На неформалната вечера на министрите на ОБСЕ која ќе се одржи на 29 ноември (среда) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје потврдено е присуството на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Османи не можеше да каже дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер бидејќи, како што рече, агендите на сите министри се различни и според тоа не мора да значи дека сите министри ќе бидат присутни сите три дена.

„Во кој дел од трите дена ќе биде присутен Лавров, не можам да кажам во овој момент. Сите не можат во сите три дена да останат. Дали ќе им се поклопат термините на престој, не можам да кажам. Делегациите ќе бидат сите, за министрите не знам, зависи од нивните агенди, очекувам сите да бидат тука“ рече Османи.

Посетата на Лавров може да се смета за историска, бидејќи тоа ќе биде негова прва посета на европска земја откако Русија ја нападна Украина.

Лавров ја откажа посетата на Белград во јуни минатата година, откако соседите на Србија одбија да му дозволат да лета над нивна територија.

Тогаш Македонија го затвори својот воздушен простор за Лавров, заедно со Бугарија и Црна Гора.

Текстот Лавров во историска посета на Скопје, првпат доаѓа во европска земја откако почна војната меѓу Русија и Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top