Хонда повлекува 250.000 автомобили во САД, тие имаат дефект на моторот

Хонда повлекува 250.000 автомобили во САД, тие имаат дефект на моторот

пред 11 месеци

Хонда повлекува речиси 250.000 возила поради дефект во производството што може да го оштети моторот, јавува Си-ен-ен.

Според известувањето што производителот на автомобили го поднесе во Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД во четвртокот, дел од моторите на моделите акура и хонда е неисправен и може да предизвика „неправилно функционирање или застој на моторот додека возите, зголемувајќи го ризикот од пожар, судар или повреда“.

Повлекувањето ги вклучува моделите Acura TLX 2015-2020 и MDX 2016-2020. Потенцијално се погодени и Honda Odyssey од 2018 и 2019 година, Pilots од 2016, 2018 и 2019 година и Ridgeline изградени помеѓу 2017 и 2019 година.

Ова е 14-то повлекување автомобили на хонда оваа година и петто најголемо досега. Со ова отповикување, бројот на возила на хонда повлечени во 2023 година е повеќе од три милиони.

Хонда соопшти дека сопствениците ќе бидат известени со писмо на почетокот на јануари и дилерите ќе ги проверуваат, поправаат и заменуваат моторите бесплатно.

Текстот Хонда повлекува 250.000 автомобили во САД, тие имаат дефект на моторот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top