Бесими: Не е реално да ветуваме дека пред избори ќе има нов оглас за „Чебрен“

Бесими: Не е реално да ветуваме дека пред избори ќе има нов оглас за „Чебрен“

пред 12 месеци

Нов оглас за хидроцентралата „Чебрен“ не е реално да се очекува пред изборите. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека ниту тие ќе стигнат да објават нов оглас ниту стратешките инвеститори сакаат да инвестираат во период на избори.

„За овој проект е дискутирано на Влада. Тој е дел од стратегијата за енергетика и постапено е од страна на Владата во согласност со тие стратешки документи. Кога повторно ќе се распише, ќе се оцени во однос на следните чекори, а веројатно сега пред избори, оваа година, не е толку реалистички да се ветува дека ќе стигнеме да објавиме оглас. Дури и тие поголеми инвеститори, веројатно, во период на избори ќе чекаат следна фаза за да се пријават“, рече министерот Бесими.

Во Владата се разгледуваат причините за и против во врска со тоа дали  ЕСМ сама да го гради „Чебрен“ или да има партнер. Бесими вели дека и тоа е дел од стратегијата на Владата, но најавува дека одлуките ќе се носат преку дебати во јавноста.

Хидроцентралата „Чебрен“ ја крена јавноста на нозе отога пропадна и 14-тиот оглас оти грчката компанија „Архиродон“, според објаснувањето на министерката за животна средина, Каја Шукова, не можела да обезбеди заеми од банките.

Текстот Бесими: Не е реално да ветуваме дека пред избори ќе има нов оглас за „Чебрен“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top