ВMРО-ДПМНЕ: Ковачевски е неспособен, инфлацијата го јаде стандардот

пред 2 години

Ковачевски е неспособен, инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40%. За само година и половина цената на зејтинот која во 2020 година изнесувала 57 денари, сега е 98 денари, односно за над 46% повеќе. И во истиот овој период, платите не се зголемија ниту денар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека скок на цената има и кај млекото, истото во 2020 година се продавало за 45 денари за литар, а сега се продава А 55 денари за литар, што е над 20% покачување.

Пензиите во овој период не се зголемија ниту денар.

Голем раст на цените има и кај брашното. Килограм брашно во 2020 година чинел 34 денари, сега чини 47 денари, односно за скоро 40% повеќе.

Во целиот овој период економијата не порасна.

Со СДСМ на власт економијата само тоне.

Цените на основните суровини во прехранбената индустрија се покачени, тоа предизвика покачување на сите други производи во чиј состав влегуваат истите.

СДСМ ја предизвика и не ја спречи кризата. СДСМ мора да си замине и да има предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top