Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 37-та седница на Владата.
Тие истакнаа дека на вчерашната седница е донесена одлука за укинување на царината за увоз на масло од сончоглед за јадење.
Со ова, како што истакнаа, ќе се даде можност до 31 мај годинава да се увезат потребните количини од овој продукт од земји кои не се предмет на повластени царински стапки.
Исто така, ќе се обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ како резултат на глобални трендови.