„Волксваген“ повлекува 38.000 возила поради проблеми со сопирачките

пред 3 години

„Волксваген“ е принуден да повлече илјадници нови автомобили од пазарот поради проблеми со педалите на сопирачките, потврди портпаролот на германскиот автомобилски гигант.

Околу 38.000 автомобили „Голф“, „Тигуан“, „Туран“ и „Т-Рок“ од оваа година ќе бидат повлечени. Нешто помалку од 17.600 возила се наоѓаат на домашниот германски пазар. Не се забележани штети или несреќи поради неисправни педали, додаде компанијата.

Проблемот е откриен во возило кое е наменето за возење од левата страна на патот.

За време на внатрешните прегледи на возилото, инженерите откриле дека плочата за педали на која се потпира ногата на возачот за време на сопирањето, во некои околности може да биде искривена или дури и одвоена од земјата. Проблемот е забележан кај автоматските автомобили и возилата прилагодени за возење по левата страна на патот.

Во Европа, од левата страна се вози во Велика Британија, Ирска, како и на Кипар и Малта. Меѓу останатите земји, правилото на левата страна е на сила и во Јапонија.

Share
Scroll to Top