„Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспорто, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ.
„Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските пумпи.
Кога поскапува дизелот, поскапува транспортот, растат трошоците за производство и дистрибуција. Следува поскапување на храната и другите производи што граѓаните ги купуваат секој ден.
Затоа ова не е само проблем на возачите туку удар врз буџетот на секое македонско семејство.
Прескапа цената плаќаат граѓаните од својот цеб затоа што а Владата на Мицкоски нема ниту решение, ниту мерка за заштита на стандардот на граѓаните.
Граѓаните скапо ги чинат неспособноста и промашувањата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Текстот „Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.




