Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис форум 2025, каде ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување.
На овој меѓународен форум на високо ниво, Дурмиши ги презентираше приоритетите на Владата на Северна Македонија за привлекување инвестиции и градење сигурна клима за домашните и странските бизниси. Тој ја истакна важноста на соработката во стратешките сектори како што се дигитализацијата, енергетиката и работната сила, како и посветеноста на градењето одржливи политики кои даваат резултати.
„Економскиот развој, создавањето работни места и зголемувањето на довербата на инвеститорите се приоритети кои бараат посветеност, стабилност и конкретно делување. Тоа го градиме секојдневно преку одржливи политики и регионална соработка“, рече министерот.
Текстот Дурмиши на Сараевскиот бизнис-форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики е превземен од МАКФАКС.