По посетата на Скопската пиварница, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека е оптимист и кажа дека очекува инфлацијата до крајот на годината да биде под шест проценти.
„Со сите мерки што ги преземаме, навистина сум оптимист дека ќе успееме да ја сведеме инфлацијата под шест отсто до крајот на годината. Веќе покажавме дека умееме да ја намалиме дури двојно за само една година“, кажа премиерот.
Според Ковачевски намалувањето на цените на основните прехранбени производи даваат ефекти.
Лично очекувам дека инфлацијата во однос на претходниот месец ќе биде не повеќе од еден процент, а во однос на минатата година за истиот месец под четири проценти“, изјави премиерот и додаде дека ќе биде проширена листата на производи со „гарантирана цена“.
Ковачевски очекува дополнително намалување на цените со предложениот закон за нефер трговски практики со кој се опфатени 26 нефер трговски практики.
Текстот Ковачевски: Оптимист сум, очекувам инфлацијата до крајот на годината да биде под шест проценти е превземен од МАКФАКС.