Мицкоски ветува дека ќе ги зголеми пензиите линеарно, по 5.000 денари за секој пензионер

Мицкоски ветува дека ќе ги зголеми пензиите линеарно, по 5.000 денари за секој пензионер

пред 5 месеци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.

„Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија. И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите“, потенцираше Мицкоски.

Toj порача дека пензионерите го заслужуваат тоа.

„Наместо тие сега да ги чуваат внуците или да уживаат во своите пензионерски, заслужени денови, ги гледаме како премрзнати, гладни протестираат на плоштадите и низ улиците“, додаде Мицкоски.

Текстот Мицкоски ветува дека ќе ги зголеми пензиите линеарно, по 5.000 денари за секој пензионер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top