Во рамките на теренската кампања со која ги доближуваме мерките од Националниот план за производство на храна до секој земјоделец, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, ја посетија живинарската фарма „Шест Браќа“ во општина Студеничани.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Оваа живинарска фарма повеќе од 20 години е успешен семеен земјоделски бизнис во сопственост на семејството Суати. Одлегуваат 160.000 несилки со што претставуваат еден од поголемите производители на конзумни јајца.
„Како министерство одговорно носиме мерки за поддршка на секој земјоделец. Националниот план за производство на храна, кој го донесовме, содржи мерки за поддршка на живинарството. Донесовме нова интервентна субвенција од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца. За оваа мерка можеа да аплицираат одгледувачите на живина за конзумни јајца запишани во Регистарот на одгледувалишта на животни. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој веќе ја исплати финансиската поддршка од интервентниот фонд за земјоделство предвидена за одгледување на кокошки – несилки. Исплатени се 68.5 милиони денари кон 49 корисници. Ја зголемивме и мерката за директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети од 80 на 125 денари по заклана несилка“ изјави министерот Николовски.
Министерството креираше повеќе мерки за поддршка на производството на стратешки култури. Преку јавен повик, на располагање се ставени дополнителни 5.722 хектари обработливо земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка на стратешки култури, распределени во 14 региони низ државата. Јавниот повик за давање на земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари завршува денеска, а во најскоро време ќе биде објавен нов јавен повик за нови површини кои ќе бидат ставени на располагање на земјоделците со цел секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција.
„Со мерките од интервентниот фонд земјоделците добиваат 4000 денари по хектар, дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар. Наша цел е преку овие мерки да овозможиме поголемо домашно производство на стратешки култури, а помала увозна зависност. Токму затоа преку оваа теренска кампања ги презентираме мерките и ги повикуваме сите земјоделци максимално да ги искористат мерките кои ги имаат на располагање“ рече министерот Николовски.
Во тек се и пет јавни повици од Програмата за рурален развој за 2022 година. Рокот за аплицирање е до 20 мај. Земјоделците можат да аплицираат на повикот за набавка на трактори преку кој обезбедуваме до 75% кофинансирање на сумата за набавка, односно максимум 3.500.000 денари по корисник. Повикот за набавка на силоси до 25 тони со мал капацитет за сопствена употреба, каде исто така кофинансираме 75% од сумата, односно 1.000.000 денари како максимален износ по корисник. Во тек е повикот за доделување на грант од 6.000 евра за мерката „Рурална жена“, како и повиците за поддршка при изградба на мандри и повикот за набавка на опрема за производство на тутун.
Министерот Николовски денеска од фармата во Студеничани ги повика сите земјоделци активно да ги следат јавните повици и максимално да ги искористат можностите за поддршка. Министерството ќе продолжи одговорно, како и секогаш, да креира мерки грижејќи се за секој земјоделец.