Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна програмска рамка со ФАО

пред 2 години

Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, денеска во Рим остварија средба со Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На средбата министерот Николовски изрази благодарност за одличната и долгорочна соработка со ФАО. Партнерството значително се зголеми откако Република Северна Македонија во 1993 година стана членка на ФАО.

„Со новата петгодишна Програмска рамка која ја потпишавме денеска со ФАО ќе постигнеме две стратешки цели – одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управувањето со климатските активности, природните ресурси и управување со ризици од катастрофи. Ние сме подготвени да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, чекор со кој направивме историско придвижување во спојувањето на парцелите што крајно придонесе за смалување на производствените трошоци и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за нас“ изјави министерот Николовски.

Три клучни цели содржи Стратегијата кон кои ФАО дава придонес. Првата се однесува за подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор, економската одржливост и приходите на земјоделските стопанства, втората за примена на еколошки практики во производството кои овозможуваат ублажување и прилагодување на климатските промени и третата за обезбедување на одржлив развој на руралните области.

Министерот Николовски истакна дека ќе бидат ставени на располагање сите расположливи ресурси за успешно спроведување на програмата, за што неопходна ќе биде поддршката од ФАО при идентификување на нови финансиски инструменти, фондови и размена на знаење од другите земји – членки, кои имаат слични развојни искуства во секторот за храна и земјоделство.

Share
Scroll to Top