Нови и неодоливи „Вива“ 100% цедени сокови

пред 3 години

Усовршувајќи ја вештината на создавање на овошни сокови и пијалоци, „Вива“ го прошири своето портфолио во нова категорија на 100% цедени сокови.

Овозможувајќи им максимално уживање на своите потрошувачи и користејќи ги најквалитетните јаболки и капини од македонско поднебје, новата категорија од еден литар содржи два производа, 100% цеден сок од капина и јаболко и 100% цеден сок од јаболко.

Цедените сокови се 100% природни, без додаден шеќер, вода и конзерванси.

„Со години го усовршуваме исклучителниот вкус и процес на создавање на врвен квалитет на секој наш проиозвод. Веруваме дека извонредниот квалитет на новите цедени сокови се должи пред сè на користењето на овошја од македонско поднебје, посветеноста и ентузијазмот на нашите вработени, како и на користењето на најсовремената линија за преработка на свежо овошје и зеленчук во регионот. Со менувањето на начинот на живот се бараат и поавтентични производи, а во исто време здрави и полни со витамини кои ни даваат енергија во текот на целиот ден. Токму затоа, новите сокови ги будат убавите спомени на природно подготвените цедени сокови од нашите баби и мајки за секој период од денот”, изјавија од менаџерскиот тим на „Вивакс“.

Новите цедени сокови се достапни во картонска амбалажа со што компанијата е единствена на пазарот којапроизведува цедени сокови во еко-разградливо пакување.

Од своите почетоци до денес компанијата „Вивакс“ стана препознатлив бренд по своите премиум „Вива“ овошни сокови и пијалоцинаменети за сите генерации, сопствената преработка на овошје и зеленчук и производство на каши, правејќи ја компанијата една од најуспешните компании во регионот и пошироко.

 

 

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top