Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

пред 4 месеци

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на одлуката од 23.8.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,517 %, кај дизелот 0,216 %, кај екстра-лесното масло 0,542 % и кај „мазутот“ има намалување од 2,048 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,2235 %.

Од 27.8.2024 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС – 95                  77,00 (денари/литар)

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС – 98                             79,00 (денари/литар)

дизел-гориво            ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            69,50 (денари/литар)

масло за горење      екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)               69,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“                                                                 45,170 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,125 денар/кг и сега ќе изнесува 45,170 денари/кг.

 

Текстот Нови цени на горивата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top