Одобрена финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

пред 4 години

Владата синоќа на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

Заа финансиска поддршка аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10% до 20%, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Share
Scroll to Top