Од денеска АНХОЧ започнува со преднарачка на најновиот Huawei Nova 9!

пред 2 години

Во екот на фантастичните телефони од висока средна класа, Nova 9 не само што е во чекор со нив, туку е еден чекор и понапред.

Станува збор за најновиот телефон на Huawei кој ексклузивно може да го преднарачате во Анхоч, а како подарок ги добивате популарните Huawei FreeBuds 4.

Сите љубители на премиум и модерни смартфони може да направат преднарачка на овој убавец во сите продажни салони на АНХОЧ низ цела Македонија или онлајн на https://bit.ly/3aVQTva

Не пропуштајте! Преднарачките на Nova 9 со ГРАТИС Huawei FreeBuds 4 започнуваат ВЕДНАШ и траат до 31.10.2021!

Целата рецензија за Huawei Nova 9 може да ја прочитате ТУКА!

Huawei Nova 9 e со екран од 6.57 инчи во дијагонала, 8GB RAM и 128GB простор комбиниран со ултра-тенко тело од 7.8mm, овој телефон може да го носите било каде, било кога и да изгледате модерно правејќи го истото.

Опремен со процесор кој е Upper Mid-Range класа, Snapdragon 778G (4G варијанта), сурфањето, фотографирањето, телефонирањето, користењето на Вашите омилени социјални апликации нема да има никаков проблем ниту кочења или прегревање доколку гледате YouTube подолго време за разлика од многу телефони од оваа класа.

Да зборуваме малку за фантастичниот екран. Станува збор за OLED панел кој нуди апсолутни црни и апсолутни бели бои (а со тоа заштедува батерија). Карактеристиките не застануваат тука – покрај длабоките црни бои и одличните агли на видливост, овој екран се освежува 120 пати во секунда притоа имајќи 1 милијарда бои (да, милијарда, наспроти стандардните кои имаат само 16 милиони бои – телефонот од кој ја читате рецензијава голема е веројатноста да има 16 милиони бои). Тоа отвара големи можности за да видите соддржина како никогаш досега – погледнете го само видеото Costa Rica in 4K на YouTube во 1440p HDR 60fps – каде ќе помислувате на моменти дека боите излегуваат од екран и ќе може да ги допрете и почувствувате со раката.

Ова се сведува и на игрите. Популарни игри како Call of Duty Mobile, PUBG:Mobile, Genshin Impact можат со нагодувања да достигнат и до 120fps, синхронизирајќи се со 120-те освежувања на екранот во секунда. Покрај убавите и реалните бои (благодарение на DCI-P3 палетата што ја поддржува), прецизноста во игрите е на големо ниво – благодарение на 300Hz Touch Sampling

Rate. Во превод, екранот го регистрира движењето на Вашиот прст врз него 300 пати во секунда, овозможувајќи не само прецизни туку и брзи маневри додека ја играте омилената игра.

Што правиме со звучниците? Конкуренцијата е остра и доколку немаме добри звучници, тоа може да Ве одврати од истиот, поготово доколку гледате филмови на телефонот. Во ера на стерео звучници, Huawei Nova 9 не само што е во чекор со конкуренцијата, туку е и едно скалило над нив. Има долен звучник исполнет со солиден бас за големината, истакнати средни и доволно високи тонови. Покрај него, горниот звучник (кој служи за телефонирање) исто така служи и како секундарен звучник кој дава убав и исполнет стерео звук. Мора да го видите телефонот во живо, да пуштите видео за да го почувствувате тоа .

За тие кои што сакаат да користат слушалки, Huawei Nova 9, како и другите од истата класа, не нуди приклучок за слушалки. Но тоа го надополнува со нивната патентирана технологија – Huawei Histen, која го подобрува и го засилува звукот на Bluetooth слушалките. Дополнително, ако го пред-нарачате телефонот ги добивате одличните Freebuds 4, на кои може да ја искористите Histen технологијата и да си го најдете најубавиот звук, што и да слушате.

Какви се камерите? Со еден збор, фантастични. Проширено: нема да Ви треба никаков дополнителен уред за фотографирање или снимање. Huawei беше прв на пазарот кој нуди одлични слики ноќе без употреба на сталак или дополнителна опрема. Исто така, беше прв на пазарот кој понуди видео со силна стабилизација, широкоаголна камера, како и повеќе камери на задниот капак.

Nova 9, следејќи ја традицијата на Huawei, соддржи неколку камери, а тоа се:

1. 50 мегапикселна широкоаголна главна, со брз PDAF (автофокус кој детектира промена на фаза) која што може да снима 4K на 30fps или да направите креативни успорени видео снимки до максимално 960fps со резолуција од 720p.

2. 8 мегапикселна ултра-широкоаголна со цел да фатите многу во еден кадар без да се оддалечувате.

3. 2 мегапикселна длабочинска, која помага да се направат кристално јасни портрети.

4. 2 мегапикселна макро, која овозможува да се приближите до 1cm од тоа што сакате да го фотографирате.

5. Предна селфи камера со 32 мегапиксели, исто така широкоаголна која може да снима и до 4K на 30fps.

Сите камери имаат електронска стабилизација со помош на вградениот жироскоп, па така може да имате стабилни видеа дури и додека џогирате – како на предната камера, така и на задните.

Сликите што излегуваат од камерата се остри, со реални бои и многу детали. Ноќните се, како што кажавме, најдобри во класата. Било да сликате пејсаж или портрети, автоматската интелигенција на телефонот самата ќе ја одреди сцената и ќе ги прилагоди боите према тоа што го сликате. Вие се’ што треба да направите е да го притиснете копчето за сликање – оставете на телефонот да ја направи магијата зад сцените .

Huawei Nova 9 доаѓа со новиот екосистем Harmony OS 2.0 на Huawei кој доаѓа со сопствена App Gallery продавница за апликации која Ви нуди лесен пристап до апликациите што ги сакате.

Екосистемот што го изгради Huawei – Harmony OS 2.0 овозможува непрекинато и лесно да ги користите нивните уреди. Тоа значи, доколку имате звучник, паметен часовник, Bluetooth слушалки од нив и секако смартфон – ќе може брзо и лесно да ги управувате од едно место сите тие уреди.

Заклучок, за кого е овој телефон?

За сите млади кои сакаат телефон кој ќе биде секојдневно со нив, за тие што сакаат да снимаат и да сликаат соддржини за социјалните мрежи, за оние кои сакаат убав екран за да гледаат многу видеа и батерија која ќе издржи цел ден со интензивно користење.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top