Околу 600 професори од целиот свет во Скопје дискутираат за инженерските предизвици

Околу 600 професори од целиот свет во Скопје дискутираат за инженерските предизвици

пред 3 часа

Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет како коорганизатор.

Во своето обраќање, заменик претседателот Николоски потенцираше дека државата и научната и стручна јавност имаат нераскинлива врска во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти во државата.

Тој ги потенцира крупните капитални инвестиции за кои како што нагласи, научната јавност има силно влијание во решавање на комплексните инженерски решенија.

Пред присутните потенцира дека Македонија има стратешка позиција на Балканот, каде се пресекуваат двата транспортни коридори 8 и 10, што ја прават државата централна транзитна држава на европскиот транспорт.

Во таа насока истакна Николоски, Владата го реализира најобемниот инвестициски циклус од неколку милијарди евра во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во државата. Во такви услови, инженерска експертиза има силно влијание во реализација на проектите, се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски.

“Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е заради победата која што во 2023-та година Градежниот факултет ја однесе на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се случува во Скопје. Навистина е прекрасно да се видат некаде околу 600-тини професори од целиот свет, од сите делови на светот како дискутираат за најголемите инженерски предизвици кои што се во делот на градежништвото, нешто што секако ќе помогне многу и на нашиот факултет и на нашите професори и научници кои што секако ќе ни помогнат и на нас да реализираме уште повеќе проекти” – истакна Николоски.

Текстот Околу 600 професори од целиот свет во Скопје дискутираат за инженерските предизвици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top