· Екстензивни тестирања во урбан сообраќај, на приградски патишта и на тркачки патеки
· Performance Hybrid за динамичен погон
· 8,7 секунди побрз од претходникот на Нирбургринг
· Светска премиера на 28 мај
Првиот Porsche 911 со хибриден погон е на стартната линија. По екстензивната програма за развој и тестирање, новиот 911 со хибриден погон фокусиран на перформансите е подготвен за сериско производство.
Повеќе од пет милиони километри тестирање
„За прв пат во 61-годишната историја на нашата икона, инсталираме хибриден погонски систем во 911. Овој иновативен Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен“, вели Френк Мозер, потпретседателот Моделската Линија 911 и 718. „Не оставивме ништо на случајноста за време на развојот и ги тестиравме новите 911 под секакви услови низ целиот свет. Од замрзнување до огромна жештина, како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи. Без разлика дали е со голема погонска тежина во услови на планинските премини или во сообраќајот на урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Сѐ на сѐ, нашите инженери и тест возачи реализираа повеќе од пет милиони тест километри.“
Побрз од претходникот на Нирбургринг за 8,7 секунди
Тестирањето и тјунингот на Нирбургринг Нордшлајфе отсекогаш имало посебно значење за време на развојот на 911. Во текот на тестирањето на перформансите, Бренд Амбасадорот на Porsche, Јорг Бергмајстер, го комплетираше кругот за 7:16.934 – 8,7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел. Тест возилото беше опремено со стандардни гуми, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција за неколку моделски генерации, и кој обезбедува зголемена надолжна сила при големи брзини.
„Новиот 911 стана значително побрз на патеката“, вели Бергмајстер. „Имаме повеќе downforce, значително повеќе моќ, а спонтаниот одговор Performance Hybrid претставува голема предност.“
Во живо на Porsche Newsroom
Светската премиера на новиот Porsche 911 ќе биде емитувана на 28 мај во 15:00 cEST во редакцијата на Porsche Newsroom – http://www.newsroom.porsche.com, и на Porsche каналите на YouTube и LinkedIn.
ПР
Текстот Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно е превземен од МАКФАКС.