Руската економија значително порасна

Руската економија значително порасна

пред 6 месеци

Економијата на Русија забрза во третиот квартал, врз основа на индустриското производство, објавија заводот за статистика и Министерството за економски развој, забележувајќи ја зголемената потрошувачка. Бруто домашниот производ (БДП) на Русија порасна за 5,5 отсто од јули до септември во споредба со истиот квартал минатата година, што е најсилно од крајот на 2021 година, објави заводот за статистика Росстат.

Од април до јуни е зголемен за 4,1 отсто, а од јануари до март е намален за 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Растот е поттикнат од силните владини трошоци, а аналитичарите укажуваат на поголемо индустриско производство за војната против Украина. Овие фактори го ублажија влијанието на западните санкции, кои руските компании се чини дека сè поуспешно ги заобиколуваат, пишува новинската агенција дпа.

Руското Министерство за економски развој благо ја зголеми проценката за растот на активноста од јануари до септември, од 2,8 на 2,9 отсто, цитира агенцијата ТАСС извештај на службата за односи со јавноста на министерството, кој се повикува на заменик-министерката Полина Крјучкова.

На крајот на октомври премиерот Михаил Мишустин изјави дека рускиот БДП пораснал за 2,8 отсто во првите девет месеци од оваа година, повикувајќи се на податоци од Министерството за економски развој. Според премиерот, производството на индустриски производи се зголемило од јануари до септември за повеќе од три отсто, а движечка сила била преработувачката индустрија со стапка на раст од над седум отсто.

„Економијата е поддржана со зголемена активност на потрошувачите, што е обезбедено со флексибилен домашен пазар на труд и повисоки реални приходи на населението“, рече Крјучкова, според извештајот на ТАСС. Во октомври Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите редовни есенски прогнози за светската економија прогнозираше дека БДП на Русија ќе порасне за 2,2 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2024 година.

Текстот Руската економија значително порасна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top