СДСМ: И во криза растат платите, просечната е близу 30.000 денари, минималната 18.000 денари

пред 2 години

Економските мерки и политики на СДСМ и Владата што ја предводи даваат резултат.Со СДСМ, и во кризно време, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ е на чекор кон исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.

Од партијата додаваат дека за месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари, односно е за шест отсто повисока од истиот месец лани.

Платите растат и во сите сектори. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари.

Освен покачувањето на платите, обезбедивме и пакет антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните и на компаниите и кои веќе даваат резултат.

Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.

Во услови на најголема криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за животниот стандард на граѓаните, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top