СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени

пред 2 години

И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза. Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП. Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од партијата додаваат дека ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза.

По усвојување на ребалансот на Буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top