Кривични пријави и суспензија за примање поткуп против двајца полициски службеници

пред 2 години

Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Р. Косово и Р. Албанија го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

Share
Scroll to Top