Цените на дизелот и бензинот остануваат исти

пред 2 години

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 ден/кг и сега ќе изнесува 52,662 ден/кг.

Од 8.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,662 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,882%, кај дизелот за 1,483%, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,917% и кај мазутот намалување за 3,347%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,049%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

Share
Scroll to Top