Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24% во однос на одлуката од 11.12.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573%, кај дизелот 2,404%, кај екстра лесното масло 2,219% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,971%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,131%.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм)
Од 19.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,348 ден/кг
Текстот Oд полниќ дизелот поевтин за 1 денар е превземен од МАКФАКС.