Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.864 лица исплати субвенциии за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.
Станува збор за исплата на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека oва е дополнителна мерка со која сите земјоделци кои вршат дејност на места со ограничени можности добиваат дополнителни 15 % од директните плаќања по површина, грло добиток или единица производ.