Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд

Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд

пред 6 месеци

Денеска во Министерството за економија, Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд.

Добредојде во министерството и успех во извршувањето на функцијата му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ.

Новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отварање на нови работни места .

Дурмиши на својот прв работен ден како министер за економија и труд ден исто така порача дека ќе работи и на создавање на најприфатлива клима за развој и за инвестиции, олеснување на административните процедури, како и фер услови за инвестирање на странските инвеститори.

Бесар Дурмиши доаѓа од Општина Тетово, каде што досега ја извршуваше функцијата претседател на Советот.

Текстот Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top