Квази мерката за намалување на акцизата на горивата за 30% е само дневен популизам, за да не се прифати предлогот за намалување на акцизата за 50%, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ да се охрабри и да се стави над дневниот популизам. Да прифатат намалување на акцизата за 50%. Исто така СДСМ да ги прифати мерките на земјоделците за намалување на ДДВ за вештачките ѓубрива, но и укинување на акцизата и ДДВ за зелената нафта“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека стопанството и граѓаните имаат потреба од реални мерки.