Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари

пред 3 години

Еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск, го купи Твитер за 44 милијарди долари. Тој пред две недели достави понуда до управниот одбор на компанијата и рече дека Твитер има неверојатен потенцијал што треба да се ослободи. Иако во прв момент решија да ја одбијат понудата на милијардерот, од Твитер побараа од акционерите да ја одобрат зделката.

На почетокот на овој месец Маск стана најголем акционер во Твитер откако купи 9,2% акции, а потоа одби да влезе во управниот одбор на компанијата.

„Слободата на говорот е камен-темелник на функционална демократија и Твитер е дигитален плоштад каде што се дебатира за прашањата важни за иднината на човештвото. Сакам да го направам Твитер подобар од кога било, унапредувајќи го со нови функции, победувајќи ги ботовите и проверувајќи ја автентичноста на сите корисници. Твитер има огромен потенцијал и едвај чекам да работам со компанијата и заедницата за да го ослободиме тој потенцијал“, изјави Маск.

Согласно новиот договор, што треба да биде потпишан оваа година, Твитер ќе стане приватна компанија.

Share
Scroll to Top