Промотивни празнични пакети на Пошта – испрати честитка за 16 денари

пред 4 години

Во рамки на акцијата на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ која има за цел обновување на традицијата на испраќање празнични честитки и подароци низ целата земја, започна да се применува посебниот новогодишен пакет со промотивни цени, кој ќе важи заклучно со 15 јануари.

Промотивниот пакет на услуги за испраќање на празнични честитки и подароци во националниот поштенски сообраќај опфаќа: Испечатени се единечни празнични честитки во 2 ретро дизајна, изработени за првпат исклучиво од еко хартија. Цената за купување на една ваква честитка со вклучено поштенско испраќање до адреса во земјава изнесува 16 денари. Намалени цени за достава на пратки Брза пошта ЕМС од адреса до адреса во земјава со тежина до 5 килограми – новата цена на услугата изнесува 80 денари. Секое заинтересирано лице кое сака да испрати пратка од која било адреса на територија на град Скопје тоа може да го направи со јавување на телефонскиот број 15 000. Службени лица на Пошта ја преземаат пратката/подарокот од адресата на испраќачот и ја доставуваат на наведената адреса на примачот. Во другите населени места, граѓаните можат да ги достават пратките до единиците на поштенската мрежа, а оттаму службените лица на пошта ќе ги испорачаат до адресата на примачот.
 
Од 21.12.2020 година се продолжува работното време на следните поштенски единици во Скопје: 1010 Чаир, 1020 Карпош, 1040 Маџари, 1050 Драчево, 1060 Ѓорче Петров. Новото работно време во овие поштенски единици е: понеделник до петок од 08.00 до 18.00 часот и сабота од 08.00 до 13.00 часот.

Share
Scroll to Top