Со СДСМ, дури и во најголема светска економска криза, платите растат постојано, во сите сектори. СДСМ го исполни едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата наведуваат дека постигнале договор за историско зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари. За потсетување, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај 4 отсто.
Покрај образованието, со растот на минималната плата, согласно Законот за минимална плата следува усогласување и соодветен раст на платите во сите сектори, како што тоа беше случај изминатите години кога постојано растеа платите во здравствтово, дестската заштита, полицијата, одбраната, културата.
Со новата договорена методологија обезбедуваме континуиран раст на пензиите во просек по 900 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.
Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
И во време на најголема криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.