Црногорската влада се согласи да формира нова авиокомпанија

пред 4 години

Владата на Црна Гора на денешната седница донесе одлука за формирање на нова авиокомпанија „To Montenegro“.

Во соопштението на Владата се вели дека четири милиони евра се веќе издвоени и платени од буџетот за формирање на компанијата.

Министерството за финансии и социјална заштита е одговорно за исплата на основниот капитал, утврден со одлуката, во согласност со расположливоста, од тековните резерви на буџетот во една или повеќе транши во рок од 12 месеци од денот на регистрација на компанијата, пренесува РТЦГ.

Во декември лани, црногорската влада одлучи дека ќе ја згасне националната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ која со години работи со загуба и истовремено најави дека ќе формира нова компанија.

Црна Гора ја формираше „Монтенегро ерлајнс“ во 1994 година додека беше во заедничка држава со Србија, а првиот лет беше извршен во 1997. Флотата  ја сочинуваа три авиони од типот ембраер 195 и еден фокер 100, а во компанијата беа вработени нешто повеќе од 300 луѓе.

Share
Scroll to Top