Алијанса и Алтернатива: Пендаровски го врати законот и спречи власта и опозицијата да прошверцуваат легализација на урбани злосторства

пред 3 години

Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива соопшти дека ја поздравуваат одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го врати во Собрание законот со кој македонската влада и опозиција се обидоа да прошверцуваат легализација на урбаните злосторства.

Тие додаваат дека одлуката на Пендаровски уште еднаш го потврдила она што тие како албанска опозиција го алармирале од почетокот, така и на денот на гласање на законот.

„ СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да се сокријат зад граѓаните за да ги амнестираат урбаните злосторства на Стевче Јакимовски, Латас и другите соработници на сегашниот и претходниот режим. По оваа одлука, Законот треба да се врати во Собранието, да се разгледа во редовна постапка и со учество на сите надлежни тела и чинители. Овој закон навистина мора да им служи на граѓаните и не смее да ги злоупотребува грижите на граѓаните за да им служат на политичките криминалци на претходната власт како и на оние од сегашната власт“ велат од коалицијата и порачуваат дека треба да има поддршка за граѓаните, а не амнестија за урбаните злосторства.

Според нив треба да има легализација за домаќинствата, а не за мафијата и олигарсите на власт, кои, како што велат узурпираат и уништуваат јавен имот.

Share
Scroll to Top