Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

пред 4 часа

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.

Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

Текстот Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top