Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во Музејот на македонската борба учествуваше на настан за промоцијата на „Пријателски места за аутизам“, во организација на Македонското научно здружение за аутизам.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства. Подржуваме проекти за Развој на вештини за подготовка децата со аутизам за училиште, за спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи, за ран третман како значаен фактор за подобра инклузија на деца со попреченост, како и за Центар за рана интервенција. Проектите се значајни и вклучуваат примена на научни методи првенствено за едукација и развој, како и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи. На децата им се овозможуваат индивидуално дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман, што има за цел подобрување на квалитетот на живот на овие дечиња“ нагласи Арсовска во своето обраќање.
Концептот „Пријателски места за аутизам“ е создаден за да одговори на потребите на лицата од спектарот на аутизам. Тој е од областа на социјалната инклузија, има за цел да обезбеди поголема пристапност за лицата и децата со аутизам во општеството.
На промоцијата на „Пријателски места за аутизам“, покрај членовите на Македонското научно здружение за аутизам, присуствуваа и директори и членови на стручните тимови при основните училишта, родители на деца со аутизам и установи кои се пријателски места за лица со аутизам, како и организации од културата, социјалната заштита и здравствената заштита.